Во 2007-ма посакувам инспиративни моменти и на приватен план!
Иако вели дека во годината која изминува ништо особено не му се случи на емотивен план, заради многубројните ангажмани, Тоше Проески 2006-та ќе ја памети по многу други нешта. Имено, како никогаш порано, на пазарот се појавја три негови изданија – албумот Божилак со македонски традиционални песни, како и два дивиди-проекти – концертните записи од настапите во Сараево (издание на тамошната национална телевизија) и во Скопје (на Градски стадион), а тука е и уште еден куп концерти долж цела поранешна Југославија. Секако, една од најважните работи на нашата најголема музичка ѕвезда во 206-та година, за која допрва ќе се пишува и ќе се зборува, е интернационалната кариера, на која и претходат постојаните снимања во Лондон, каде Тоше го подготвува својот прв албум наменет за интернационален пазар...
|
29. март 2006. По успехот што го стекна на поранешните Ју-простори, особено во Хрватска, каде со својот најнов сингл Срце није камен ги освојува топ-листите, Тоше Проески најавува и низа други активности, меѓу кои е конечната реализација на албумот на англиски јазик, подготовка на цеде со стари македонски песни, евентуалниот дует со Оливер Драгојевиќ... Но, тоа се само некои работи за кои Тоше зборуваше во едно од најискрените интервјуа што му се случија во кариерата. Секако, за да целата приказна го добие епитетот ексклузивно, тука е и најновата фотографија од искусниот Дејан Милиќевиќ. |